Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Фармерите да користат робот за измолзување на кравите, поддршка од битолската млекарница
Размислуваме како да ја зголемиме млечната база во државата и да го унапредиме јадрото и да се зголеми продуктивноста и ефикасноста за помалку да се чувствуваат екстерните шокови.
Битолската компанија „БиМилк” најави поддршка за фармерите за користење најсовремена опрема во производството на млеко, односно користење најсовремен робот за измолзување.
-Препознаени сме како доверлив партнер не само на фармерите туку и од програмата на УСАИД, со кои неколку години по ред имаме билатерални меморандуми за соработка и заедничка поддршка на семејни фирми со развоен потенцијал. Како резултат на ова, наскоро, наши фармери ќе бидат меѓу првите кои во земјава ќе почнат со користење на најсовремен робот за измолзување и тоа е значајна инвестиција, најави генералниот директор Ѓорги Петрушев.