fbpx
Вести

Фармерите во Русија очекуваат да приберат 115 милиони тони жито

Околу 70 милиони тони жито се прибрани до моментов од фармерите во Русија, соопшти премиерот Дмитриј Медведев, соопштувајќи ги податоци за жетвата. Тоа е речиси една третина повеќе отколку во истиот период минатата година, рекол Медведев на состанокот со вицепремиерот, пренесе „РИА новости”. Премиерот истакнал дека минатата година жетвата исто била добра.

farmerite vo rusija ochekuvaat da priberat 115 milioni toni zhito

 

Во меѓувреме Банката за развој на Русија прогнозира дека растот на земјоделскиот сектор во земјата може да се зголеми на 3,1 отсто во 2016 година, соопштуваат агенциите.

Главен двигател на растот е очекуваниот рекорден принос на жито од 115 милиони тони при добри временски услови.

Според прогнозата за 2017 година, жетвата на пченицата и пченката ќе се врати на нивоа што ќе доведат до негативна динамика на производство. Така, според аналитичарите, во 2017 година жетвата на житните култури ќе се намали 9,4 отсто, а производството на пченица 14,8 отсто. В година аналитичарите очекуваат раст на земјоделството од 0,4, а во иднина тој ќе се стабилизира на 2,2-2,6 отсто.

Експертите очекуваат уште во 2016 година да се зголемат собраните количини сончоглед и репка (7,4 и 10,9 отсто).

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close