вести

Фармерите во соседна Бугарија ги користат средствата од европските фондови

Голем е интересот од страна на фармерите во Бугарија за искористување на средства од европските фондови. Пред се овие средства им се потребни за развој на земјоделските стопанства.
Се аплицира преку програмата за развој на руралните средини, но и за специјални мерки од програмата, вели Димитар Ванев – експерт за развој на руралните средини и консултант за изработка на проекти.

farmerite vo sosedna bugarija g koristat sredstvata od evropskite fondovi

 

– „Голем дел од фармерите во Бугарија немаат доволно средства сами да набават земјоделка механизација за да ги развијат стопанствата, затоа ги користат средствата од европските фондови. Најголем интерес од ова програма има за мерката 101, како и кај вас, за инвестиции во земјоделските стопанства и за специјалните мерки наменети за помалите стопанства и младите земјоделци” – додава Ванев.

Процентот на кофинансирање од оваа програма е од 50 до 60 проценти од вредноста на инвестицијата за кои фармерите бараат средства.

– „Ако тој конкурира за 50.000 евра субвенциите е 25.000 евра во повеќе случаи. Ако кандидатот доаѓа од планинските реони, субвенцијата може да се зголеми на 60%. Се зголемува. Имаме и специјални мерки да кажеме за младите земјоделци и помалите фарми за кои се предвидени субвенции од 25.000, односно 15.000 евра за да го развијат стопанството.

Не помал интерес фармерите во Бугарија пројавиле и за инвестиции во конзервната индустрија, производството на млеко и месо. Средства од европските фондови барале и земјоделци за одгледување на ароматични билки и лековити растенија – потенцира Ванев. Македонските фармери наесен ќе можат да конкурираат за средства од европските фондови преку ИПАРД-2 програмата, со процент на кофинансирање од 50 до 70 отсто од вредноста на реализираната инвестиција.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close