fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Филип Димкоски, градинар: Само среќни растенија и среќни животни ќе нè направат среќни и сити

Младиот Филип Димкоски, дипломиран земјоделски инженер, веќе си има своја градина која се наоѓа во прилепска викенд населба, и територијално припаѓа на селото Оревоец.

Младиот Филип Димкоски, дипломиран земјоделски инженер, веќе си има своја градина која се наоѓа во прилепска викенд населба, и територијално припаѓа на селото Оревоец. Градината на Филип има околу две илјади квадратни метри, а на таа површина се наоѓа и неговата куќа и живеалиштата на неговите кокошки и пајки. Оваа негова приказна започна лани, па нема ни цели две години откако ја обработува површината. Вели дека е на почеток. Во склопот на градината на Филип има мала зеленчукова градина која се простира на околу двесте квадрати, со дваесетина кокошки, три пајки и петнаесетина овошни дрвца што ги засадил минатата година.

Од кога датира твојата страст за градинарството и кој беше најзаслужен за твоите први чекори во оваа област?

– Сè почесто размислувам дека едно дете кога ќе се роди, не е празна табла, туку токму спротивно, секое дете носи нешто со себе уште од раѓањето. Така, за себе сметам дека исконската љубов кон природата, а со тоа и кон градинарството, ја носам уште од раѓање, а како растев, разни фактори ја поттикнуваа и насочуваа таа љубов. Дедо ми Илија ми ги покажа првите, основни вештини во градинарењето и на седум-осум години ја направив мојата прва градина со негова помош. Сè до крајот на средно образование имав бавча, цветна градина, помагав на семејниот овоштарник и лозјето, чував кокошки и зајаци…Кога дојде време за студии, татко ми Александар, само ме потсети на мојата најрана љубов-градинарството, и тоа беше доволен мотив да одберам да студирам градинарство и цвеќарство на Факултетот за земјоделски науки и храна и да се стекнам со звањето дипломиран земјоделски инженер.https://www.slobodenpecat.mk/foto-filip-dimkoski-gradinar-samo-srekjni-rastenija-i-srekjni-zhivotni-kje-ne-napravat-srekjni-i-siti/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close