fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Инфлацијата ги тера луѓето во долгови

Милиони луѓе очигледно не можат да се справат со високите животни трошоци и затоа влегуваат во минус на своите сметки, покажува анкета на Здружението на централите за заштита на потрошувачите.

Секој седми граѓанин во Германија во рок од три месеци ја пречекорил својата сметка или зел краткорочен кредит од банката за покривање на минусот, покажува студија на централите за заштита на потрошувачите, до која стигнал јавниот германски сервис АРД. Околу половина од засегнатите признале дека причина се високите трошоци предизвикани од инфлацијата или зголемените цени на енергенсите.

Девет проценти сметаат дека на долг рок нема да можат да се носат со нараснатите животни трошоци и ќе мора да се задолжат. Во рамките на репрезентативната студија биле анкетирани околу 1000 граѓани. Централите за заштита на потрошувачите гледаат критички на развојот на ситуацијата. Исто како и другите потрошувачки кредити, краткорочниот заем кој го дава банката односно можноста за влегување во минусно салдо до одредена сума, не е наменет за финансирање на животот, туку за краткорочни набавки, истакнува претседателот на Здружението на централите за заштита на потрошувачите (ВЦБВ), Рамона Поп во интервју за СВР: „Со загриженост гледаме дека покачените трошоци за живот, од зголемните цени на енергијата до оние на прехранбените продукти, ги тераат луѓето да земаат кредити,зашто редовните приходи не стигнуваат да ги покријат расходите.“

Банкарските камати на минусните сметки се неморални“

Кредит кај банката во форма на влегување во минус на сметката на прв поглед се чини практичен – тој автоматски им е достапен на најголем дел од корисниците и не мора да се поднесува специјално барање за него. Едноставно, се влегува во минус на сметката. Но проблемот е во тоа што каматите за ваквите кредити се по правило многу високи. Најскапата банка за ваков кредит годишно пресметува камата повеќе од 14 проценти, а во просек муштериите плаќаат десет проценти.

Здружението на германските народни банки тука не гледа проблем: „Благодарение на големата понуда, банкарските клиенти можат сами да одлучат каде и под какви услови ќе земат еден ваков краткорочен кредит за влегување во минусно салдо“, велат оттаму.

Извор https://www.dw.com/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close