fbpx
Без категорија

Филипче: Со амандман бараме 700 милиони да се доделат на младите земјоделци

„Средствата за поддршка на земјоделството преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се намалени, што е сериозен удар врз домашното производство на храна, особено во време на нестабилни цени на земјоделските и прехранбените производи,“ рече тој.

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека партијата поднела амандман на Предлог Буџетот за 2025 година, со кој се бара издвојување на 700 милиони денари за поддршка на младите земјоделци. „Сметаме дека поддршката на младите во земјоделството е клучна за иднината на македонската економија и за обезбедување на стабилно домашно производство на храна,“ изјави Филипче.

Покрај предлогот за поддршка на младите земјоделци, Филипче упати сериозна критика кон Предлог Буџетот, посочувајќи дека Владата не ги препознава приоритетите во земјоделскиот сектор. „Средствата за поддршка на земјоделството преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се намалени, што е сериозен удар врз домашното производство на храна, особено во време на нестабилни цени на земјоделските и прехранбените производи,“ рече тој.

Според него, во буџетот не се предвидени конкретни програми и проекти за зголемување на производството и конкурентноста на македонските земјоделци, а ваквото занемарување ќе ги остави земјоделците без поддршка и можности за раст. „Младите земјоделци се моторот на модернизирањето на земјоделството, и токму затоа бараме да се обезбедат дополнителни средства за нив. Владата не нуди ни минимална поддршка која би ги мотивирала младите да останат и да работат во овој сектор,“ додаде Филипче.

СДСМ е на став дека зголемувањето на средствата за младите земјоделци ќе придонесе за рурален развој и подобри економски услови, кои се од суштинско значење за стабилноста на земјоделската индустрија и за обезбедување квалитетна и достапна храна за граѓаните.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close