fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски-аплицирајте за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи

Од денеска па до 16.11.2023 година е отворено и активно аплицирањето за мерката за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи.

Објавен нов јавен повик од програмата за рурален развој !
Од денеска па до 16.11.2023 година е отворено и активно аплицирањето за мерката за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи.
Јавниот повик се однесува за инвестиции во набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко и месо, набавка на машки и женски приплодни грла овци и машки и женски приплодни грла кози.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 10 милиони денари, што претставува поврат на направената инвестиција од 50% – 75%
Аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат, односно сите заинтересирани ќе треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за инвестицијата и да ги прикачат сите потребни документи преку порталот e-baranje.ipardpa.gov.mk, објави  Никица Бачовски директор на Платежната агенција
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close