fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Финансиска поддршка од државата досега искористиле над 900 домашни компании

Во моментов во Зоните работат речиси 18.000 граѓани што е три пати повеќе споредено со 6000 во 2016 година.

Ефектот од странските инвестиции и директните придобивки за граѓаните се најважни и тоа е главен приоритет по кој се водиме, изјави Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони – ТИРЗ.

-Треба да знаете што ви е приоритет. Дали да сечете ленти и да се сликате додека работниците биле платени 9000 денари. Или пак луѓето ви се приоритет. Мене ми е приоритет на луѓето во оваа држава од чии пари се плаќаат тие компании да дадат придонес назад. А тој се прави преку добро платени работни места и преку парите што ги уплаќаат во буџетот на државата назад. Во моментов во Зоните работат речиси 18.000 граѓани што е три пати повеќе споредено со 6000 во 2016 година. Во последниве две години имаме плати повисоки од државниот просек. Ако пред шест години овие компании во буџетот уплаќале 10 до 12 милиони, само годинава според проценките очекуваме 75 милиони евра што е седум пати повеќе. Покажавме дека ова повеќе не е земја на евтина работна сила туку главен приоритет ни се добро платени работни места со кои ќе си ги задржиме децата дома, посочи Деспотовски во емисијата Стадион, на Канал 77, соопштија од ТИРЗ.   https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close