fbpx
ВестиМакедонија

Финска е прогласена за најсреќната држава на светот, а Македонија на скромното 94. место

Сите скандинавски држави се меѓу првите десет, а Македонија се најде на скромното 94. место на листата која опфаќа 150 земји.

Четврта година по ред, Финска е прогласена за најсреќната држава на светот, според Светскиот индекс на среќата, што се подготвува под покровителство на Обединетите нации. За разлика од изминатите осум години, новиот извештај вклучи и истражување како државите се справуваа со пандемијата на коронавирусот, покрај традиционалните параметри, како бруто домашен производ, животен век, слободи и корупција.

Генерално, немаше значајни промени во врвот на листата, па зад Финска се пласираа Данска, Швајцарија, Исланд и Холандија. Сите скандинавски држави се меѓу првите десет, а Македонија се најде на скромното 94. место на листата која опфаќа 150 земји.

Истражувачите велат дека не е изненадување што Финска успеа да го зачува врвот, зашто таа секогаш котирала високо кога станува збор за заемна доверба. Таа се смета за еден од главните фактори кои помагаат да се заштитат животи и егзистенција во времето на пандемија.

„Финците секогаш настојуваа да ја усогласат својата политика со општата благосостојба“, се вели во извештајот.https://smart.sdk.mk/naslovna/finska-e-najsreknata-drzhava-na-svetot-chetvrta-godina-po-red-makedonija-se-najde-na-94-mesto/?

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close