fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Драстично се зголемуваат данокот и царината за увоз на возила!?

Од Министерството за финансии и царина за утре се најавени консултации со увозниците за законските измени, а потоа, веќе во вторник, е предвидено оваа тема да се најде на владина седница. Со овие законски измени се предвидува цените на данокот за увоз на автомобили речиси двојно да се зголемат

Се готви нов закон за моторни возила, со кој и купувањето на стари половни автомобили ќе стане луксуз за граѓаните. Со овие законски измени се предвидува цените на данокот за увоз на автомобили речиси двојно да се зголемат. На пример, доколку досега не се плаќаше данок за возило до 10.000 евра, сега тој ќе изнесува еден процент. Се предвидува двојно да се зголеми давачката и за оние возила што повеќе загадуваат.

Од Министерството за финансии и царина за утре се најавени консултации со увозниците, а потоа, веќе за во вторник  е предвидено оваа тема  да се најде на владина седница.

Има реакции и од увозниците на моторни возила и од граѓаните, оти тоа ќе се одрази и на нивниот џеб. Според нив, во земјава има највисоки цени за продажба на возила во цела Европа, а со измените сериозно ќе се удри по џебот на граѓаните и по бизнисот на трговците на возила.

Од Министерството за финансии велат дека овие измени се дел од проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторни возила. Од Царина, пак, велат, измените сè уште се изработуваат, но се во согласност со регулативата на ЕУ. Измените на уредбата се со цел заштита на животната средина и се во согласност со зелената агенда и регулативата на Европската Унија.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close