fbpx
ВестиТоп вести

ФОЛКЛОРНА ВЕЧЕР ВО НОВАЦИ

Во рамки на Културно – забавното Лето Новаци 2019 во дворот на општината во Новаци се одржа 5-тиот културен настан “Разиграна општина Новаци”.


Несекојдневниот настан со импресивен и возбудлив настап на 5 фолклорни друштва и ансамбли од Пелагонија и две групи од Мексико и Белгија го привлече вниманието на многубројната публика .


Фолклорниот караван предводен од културно – уметнички друштва од Пелагонија и тоа КУД “Новаци “ од Новаци , КУД Илинден од Демир Хисар , КУД Илинден од Битола , КУД Мирче Ацев од Тополчани и Фолклорниот Ансамбл Гоце Делчев од Битола истовремено тргна и се играше во 4 –ри населени месна во општина Новаци и тоа во с.Далбеговци , с.Г.Агларци , с.Живојно , с.Гермијан .Граѓаните во овие села имаа можност да го проследат овој културен настан токму во своето место на живеење .Токму таа дисперзија на културните настани го прави побогато , подостапно и помногубројно Културното лето во општина Новаци .

Ова е 5-тиот по ред културен настан “Разиграна општина Новаци “.Повеќе од 200 учесници од различни културно уметнички друштва од Пелагонија како и групи од Мексико и Белгија се претставија на фолклорната вечер импресионирајќи ја многубројната публика.

З.Б.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close