fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен западен ветер.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер
Можно е да е слика од ‎мапа и ‎текст кој вели „‎Времето утре 18.04.2024 Град Тмин. Гмакс. Ckonje 15 Тетово 6 4 13 Маврово 1 4 Охрид Битола Kp. Паланка 5 5 14 Ckonje 15 Тетово 5 14 Св. Николе Прилеп Кр.Паланка Св. Николе Штип 4 6 13 Маврово 17 8 18 Берово 4 14 Берово Д.Капина Струмица Штип لا 4 7 19 7 7 9 хрид Д. Капиа Прилеп евгелиа 18 Струмица 20 Бигола Гевгелита елита‎“‎‎

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на серија на влажни бранови до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

Можно е да е слика од нацрт и текст

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close