fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Фото албум: Агромеханика од Крањ, Словенија  прослави 50 години  постоење

 

  

 

Во присуство на бројни гости, вработени и деловни пријатели со голема свеченост Агромеханика од Крањ, Словенија прослави 50 години од своето постоење. Зелена берза беше дел од поканетите медиуми  од регионот и присуствуваше на свеченоста што се одржа во фабриката. Прославата продолжи во Блед со  голема гала вечер кога  беа доделени признанијата  и наградите  на долгогодишни соработници на компанијата.

 

          

„Се е во луѓето. Со нив се почнува и завршува. На почетокот секогаш стојат визионери кои веруваат во своите идеи  и својата работа и животот го подредуваат според зададената цел. На патот стојат препреки и потешкотии, а некогаш тие траат, траат. Еден од таквите визионери бил Фридерик Лазар – идеен татко на Агромеханика“. Како шеф на работилница желбата му била преку иновации  да ја олесни работата на фармата. Неговата упорност станала движечка сила во развојот на Агромеханика. Агромеханика е еден од најголемите производители на земјоделска мехнизација во Централна и Југоисточна Европа. Повеќето производи се извезуваат во европските земји, а во последните години и на други континенти: Азија, Африка и Австралија.

            

Наскоро очекувајте повеќе детали и информации за оваа комапнија. Во интерес на земјоделците Зелена берза во идните изданија на списанието ќе отстапи повеќе  простор за историјата , работењето и успесите на компанијата.

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close