fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

(Фото) Мечка нападна сточар на планината Мукос, во атарот на село Оморани

Опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај месноста „Сеча“

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, во атарот на село Оморани на територија на Општина Чашка, што се завршил за среќа само со телесни повреди (на грбот и телото) и каснувања (на двете нозе, на едната посериозно), а можел да биде и. јави Макфакс 

Повредениот, блиските од семејството информираа во комуникација со ЦУК, дека бил под многу голем стрес, при што при првиот контакт со нив. Кога отишле кај него, не можел и да комуницира, велат од ЦУК.

Сточарот при нападот од мечаката успеал, инстиктивно, после неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските. Потоа, по нападот, лицето, дури имало сила, се вратило назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму папсало, изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие, известува ЦУК.

Блиските од семејството, при комуникацијата со ЦУК, информираа дека мечката го напаѓала стадото и другпат, но овојпат директно го нападнала сточарот, кога тој доцна попладне во неделата го враќал стадото крави од пасење. Истата мечка во последните три години постојано го напаѓала стадото, при што само во последната година има убиено три крави и неколку телиња. Повредениот сточар, бидејќи не се јавил дома од неделата (08.04.2024), а неговите блиски од семејството не можеле да го добијат на телефон, загрижени отишле директно на планината во „Колибата“ кај стадото крави и таму го затекнале под голем стрес и повреден.

Примарно го згрижиле и веднаш го однеле во болница (ЈЗУ Општа болница Велес – хируршко одделение), каде што му е пружена соодветна медицинска нега и му се дадени лекарства. Неговите нозе, покрај раните од каснувањата биле и отечени од ударите при борбата да не го касне на стомак и да го повреди повеќе. На едната нога имал и помала скршеница и таа му била соодветно преврзана со медицински средства. Денеска, по одењето во болница и добивањето соодветна медицински третман и медикаменти, повреденото лице од напад на мечка, доцна попладне ја напуштило болницата и е на домашно лекување во својот дом во село Дреновци во Општина Прилеп.https://makfax.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close