
Агро бизнисВестиТоп вести
Најдено е починато лице во опожареното село Лозаново – Кривапаланка
Повторно се разгоре и пожарот во Чучер-Сандево
МВР соопшти дека денеска најдено е починато лице во близина на пожарот кај село Лозаново, Кривопаланечко. Во присуство на јавен обвинител се врши увид и подоцна ќе бидат соопштени причините за смртта на човекот.
Градоначалникот Сашко Митовски бара помош, бидејќи пожарот излегува од контрола.
Повторно се разгоре и пожарот во Чучер-Сандево, а претходно и кај касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје.
Пожар избувна во Дојран, градоначалникот Анго Ангов вели дека станува животозагрозувачки. Гори и во Македонски Брод и повторно се разгоре и кај Блаце поради то е затворен патот и граничниот премин.