fbpx
Вести

Фруктана од Аргулица со трета инвестиција во нова технологија преку ИПАРД

Фабриката за преработка на вишни „Фруктана” во Аргулица ја реализираше третата инвестиција во најсовремена технологија за преработка на вишната, поддржана од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија – ИПАРД.

fruktana od agrulica so treta investicija vo nova tehnologija preku ipard

 

Предмет на ова инвестиција преку ИПАРД е модернизација на производството и достигнување на стандардите на Европската унија, што се постигнува со набавка на две софистицирани машини вели, Младен Митев – сопственик на најголемата фабрика за преработка на вишни на истокот, потенцирајќи дека со набавката на двете нови машини очекуваат зголемување до 50% на капацитетот за калабрирање, во процесот на подготовка и замрзнување на вишната.

Вкупните вложувања на Фруктана во реализацијата на инвестициски проекти надминуваат 800.000 евра, од кои преку ИПАРД се обезбедени приближно 300.000 евра. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството кофинансираше половина од вложените средства.

Новата ИПАРД-2 програма ќе поддржи повеќе сектори во земјоделството. Влегуваат житните и индустриските култури, туризмот и угостителството, а процентот на кофинансирање од 50% се зголемува на 75%.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close