fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

(Галерија) Денови на македонскиот мед – „Македонија“ стана медена улица

Производителите на мед и годинава ги посочуваат старите проблеми – ниската потрошувачка и  фалсификатите што се присутни на пазарот.

Улицата „Македонија“ во строгиот центар на Скопје стана „медена“, а таква ќе биде до 26 овој месец до кога ќе бидат годинашните пролетни „Денови на македонскиот мед“, кои почнаа денеска.

Производителите на мед и годинава ги посочуваат старите проблеми – ниската потрошувачка и  фалсификатите што се присутни на пазарот.  Тие велат дека медот кај нас се уште најмногу се користи како лек, а не како храна, како и дека потрошувачката е само 900 грама по глава на жител. Згора, пазарот „врие“ од фалсификати кои содржат сирупи.

На штандовите поставени долж улица „Македонија“, посетителите можат да купат мед, полен, прополис, матичен млеч, восок и други пчелни производи. Цената на тегла ливадски и шумски мед е 500 денари, а медот од костен чини 600 денари.https://nezavisen.mk/galerija-denovi-na-makedonskiot-med-makedonija-stana-medena-ulica/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close