fbpx
ВестиМакедонија

Гасификацијата на Битола – многу работа, а малку видлив напредок

Најоптимистичката прогноза е дека гасификацијата на Битола најрано би можела да се случи во февруари следната година

Многу работа за малку видлив напредок. Вака тече проектот за гасификација на Битола. Оптимистички беа најавите за гасификација на Битола точно пред една година, во февруари 2020, кога локалната власт излезе со прогноза дека „наесен дел од објектите во Битола ќе се приклучат на гасовод, а дел ќе се приклучат на топлинска енергија од РЕК ‘Битола’“.

Но сега најоптимистичката прогноза е дека гасификацијата на Битола најрано би можела да се случи во февруари следната година, зашто овој процес за Битола никако не може да се гледа изолирано од реализацијата на целокупниот процес за гасификација на државата. Полнењето на гасоводот со гас сега се очекува на крајот на оваа година или почетокот на следната година.

Од Општина Битола велат дека од февруари минатата година, кога беше презентиран идејниот проект во Советот, до февруари оваа година направено се неколку крупни работи. Потпишан е меморандум за соработка со Млекара и овозможен е инфраструктурен коридор на нивната парцела. Меморандумот е одобрен од Бордот на директори. За тоа е направено АУП. Направен е и одобрен елаборат за заштита на животна средина за 25 км гасовод. Изработен е и усвоен 3,5 км инфраструктурен проект од ГМРС до Млекара. На јавна набавка е избран ревидент на основен проект за 10 км гасовод, но одобрението за градба се очекува за две до три недели.

„Во моментов при крај е изработка на основен проект во должина од 3,5 км. Одобрението за градба се очекува да биде на почетокот на март.  Паралелно се работи на 6,5 км инфраструктурен проект, кој се очекува да исто така да биде одобрен на почетокот од март. Во зависност од одобрувањето на инфраструктурниот проект основниот проект од 6,5 км би требало да биде одобрен до крај на месец април“, информираат од Општина Битола.

Што се однесува до роковите за изградба на битолскиот гасовод од локалната власт велат дека до крајот на оваа година се очекува изработка на 15 км инфраструктурен проект, во зависност од активностите на Владата околу ЈПП, одлука дали да се започне постапка за набавка на изведувач и градба.

Од општина Битола велат дека околу проектот гасификација на Битола треба да се потенцираат две работи: прво како дел од овoј проект е и поставување на телекомуникациски коридор во истиот ров, заедно со пристапни окна, односно во еден ров ќе има два објекти. Со тоа Општина Битола ќе може да го изнајмува или да го користи за сопствени потреби. И второ според НЕР (Национални енергетски ресурси ), државната компанија која го гради гасоводот, магистралниот гасовод за Битола ќе биде ставен во функција на крајот на 2021, но не подоцна од февруари 2022. Првичниот план беше тоа да биде на крајот на 2020 година.

Гасоводот според плановите треба да опфаќа 4 мерно-редукциски станици, со моќност за негово ширење кон  Индустриската зона „Жабени“ и фабриката „Кромберт и Шуберт“.https://nezavisen.mk/gasifikacijata-na-bitola-mnogu-rabota-a-malku-vidliv-napredok/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close