fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Газдите на фирми кои не ги намалија цените на производите ќе останат без субвенции

Владата нема да се двоуми да ги укине субвенциите, а парите наменети за оваа мерка ќе им ги даде на граѓаните.

Компаниите кои добија поевтина субвенционирана струја од државата се соочуваат дека ќе останат без субвенции доколку не ги намалат цените на производите, во рок од 10 дена.

Владата нема да се двоуми да ги укине субвенциите, а парите наменети за оваа мерка ќе им ги даде на граѓаните.

„Од над 200 производители на основни прехранбени производи, само мал дел ги намалија цените, и тоа за денар или 2. На прсти се бројат и компаниите чии производи поевтинија од 7 до 13 отсто. Државниот пазарен инспекторат на терен проверува дали трговците ги почитуваат законите. За 10 дена казнети се 150, кои треба да платат 86 илјади евра“, соопшти Горан Трајковски директорот на Пазарна инспекција на социјалните мрежи.

Тој посочи дека државниот пазарен инспекторат веќе работи на извештајот кој ќе покаже кој ќе остане без поволноста да плаќа 80 евра за мегават потрошена електрична енергија.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close