„Газета експрес”: Косовo се согласи на Македонија да и` се продадат три милиони тони јаглен
Косово има политичка волја да и продаде на Македонија три милиони тони јаглен, објави „Газета Експрес”, повикувајќи се на информации од тамошното Министерство за економија..
Косово има политичка волја да и продаде на Македонија три милиони тони јаглен, објави „Газета Експрес”, повикувајќи се на информации од тамошното Министерство за економија.Во писмениот одговор до порталот се вели дека барањето за купување јаглен било поднесено при последната посета на Косово на министерот Крешник Бектеши.
– Министерството за економија на Република Косово прифати да отвори дебата, односно консултации околу модалитетите на потенцијалниот договор… Од политичкото ниво е дадена согласност и изразена добра волја компаниите да ја продлабочат соработката и техничките детали да се прецизираат во текот на преговорите, се вели во одговорот на косовското Министертво до приштинскиот портал…. По која цена и во која динамика би се купувал јагленот, информации засега нема..