вести

Македонските органски производи се квалитетни, но се произведуваат мали количини

Македонските органски производи се квалитетни и подлежат на строги контолри. Надлежните уверуваат дека можноста за манипулација со квалитетот е сведена на минимум.

makedonskite organski proizvodi se kvalitetni no se proizveduvaat mali kolichini

Сертифицирањето го вршат две тела, а гарантирано квалитетни се само тие кои ја имаат националата ознака – сонце со фиданка.

Засега во земјава се региртирани над 400 производители и оператори на органска храна и располагаат  со околу 3000 хектари земја.

Со цел зголемување на површините и производителите, растат и субвенциите.  Од лани поголеми се за 30 отсто, а на производителите им се исплаќаат и дополнителни 50 проценти од трошоците за сертификација.

Во струмичко годинава двојно е зголемен бројот на земјоделци кои се занимаваат со органско производство. Претежно  нудат овошје и мед, а интерес има и за градинарските кутури. Сепак, нивната понуда е мала за да го задоволи пазарот.

,,После падот, еве од минатата година веќе имаме некаде околу триесетина нови органски производители кои за овие една ипол,  две години веќе почнуваат да работат како органски производители. Со оглед на тоа дека останавме околу дваесетина ова зголемување е повеќе од дупло. Интерес за органско се повеќе и повеќе има, меѓутоа се уште имаме многу мали количини , значи неможеме да одговориме на нивните барања. Тие сакаат да соработуваат со нас, веќе имаат направено и проби на некои од нашите производи кои ги имаме овде, сакаат да можеме да ги извеземе кај нив меѓутоа количината моментално ја имаме ние, што може да ја понудиме е многу мала“ вели Ѓорги Хаџи Котаров – здружение на органски производители „Органологистик“ – Струмица.

Побарувачката за органски производи на светско ниво се зголемува со исклучително брзо темпо. Лани достигна 90 милијарди долари за разлика од 1999 година кога беше 15 милијарди. Најголеми потрошувачи се Швајцарија, Германија, Велика Британија, Луксембург и Данска, а најголем производител е Австрија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close