fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Гази Баба вложува во иновативни проекти за производство на медовина и ефикасно искористување на водата за наводнување

„Агроволтаик - влијание на фотоволтаиците врз почвената влага и ефикасното искористување на водата“, проект на студенти од Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, и „Медовината како иновативен производ во пчеларството и винарството“ - проект на студенти од Земјоделскиот институт се иновативни револуционерни проекти што добија грант на јавниот повик „Предизвик за студенти иноватори“ објавен од страна на Општина Гази Баба за финансирање иновативни проекти на факултетите на територија на Општината.

Факултетот за земјоделски науки и храна во континуитет ги поддржува студентите во нивната иновативна и научноистражувачка работа во текот на студиите. Според Земјоделскиот институт во Скопје, вложувањето во развивање и изразување на креативноста кај студентите, како процес што ѝ претходи на инвентивноста, е од исклучителна важност, како за личниот развој на младите индивидуи така и за целокупниот долгорочен развој на општеството

„Агроволтаик – влијание на фотоволтаиците врз почвената влага и ефикасното искористување на водата“, проект на студенти од Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, и „Медовината како иновативен производ во пчеларството и винарството“ – проект на студенти од Земјоделскиот институт се иновативни револуционерни проекти што добија грант на јавниот повик „Предизвик за студенти иноватори“ објавен од страна на Општина Гази Баба за финансирање иновативни проекти на факултетите на територија на Општината.
Заштеда на водата во земјоделското производство

Факултетот за земјоделски науки и храна во континуитет ги поддржува студентите во нивната иновативна и научноистражувачка работа во текот на студиите. Проф. д-р Вјекослав Танасковиќ и проф. д-р Ордан Чукалиев од Катедрата за наводнување и заштита од ерозија на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје се ментори на проектот под наслов „Агроволтаик – влијание на фотоволтаиците врз почвената влага и ефикасното искористување на водата“. Станува збор за нова технологија која ветува поефикасно производство на храна, намалување на употребата на вода, а истовремено на иста површина ќе се создаде енергија.
– Водата, енергијата и храната се основата на модерната цивилизација. Според „Глобал агрикултурал“, земјоделскиот сектор е убедливо најголемиот потрошувач на достапната слатка вода на Земјата – дури 70% се користат во земјоделството, трипати повеќе од пред 50 години. До 2050 година се проценува дека глобалната побарувачка за вода во земјоделството ќе се зголеми за дополнителни 19% поради потребите за наводнување. Приближно 40% од светската храна во моментов се одгледуваат на вештачки наводнувани површини. Токму поради тоа, се обидовме да изнајдеме иновативно решение како да ја заштедиме водата во земјоделското производство, истовремено се наметна и проблемот со силна енергетска криза, која сè повеќе нè тера да размислуваме за добивање чиста енергија од обновливи извори, како и покачувањето на цената на храната… И додека многу технологии ги унапредија овие компоненти одделно, многу малку од нив имаа цел да ги решат сите три компоненти одеднаш. Нашето размислување одеше кон тоа како да изградиме систем во кој ќе бидат вклучени сите три елементи – споделува Стојанче Нечковски, кој исто така е ментор на проектот.
Самото име „Агроволтаичен систем“ кажува дека е наменет за земјоделско и енергетско производство.
Иницијаторите на проектот истакнуваат дека агроволтаичниот систем за земјоделско производство вклучува фотоволтаични панели кои овозможуваат производство на електрична енергија и храна на иста површина, но и конзервација на вода. Воедно, знаејќи го вегетациониот период кај нас кој се одвива во летниот период (температурите се високи и ризикот од топлотен стрес кај растенијата е голем), фотоволтаичните панели кои се користат во агроволтаичното производство имаат и заштитна улога, во однос на интензитетот на светлина, како и при намалување на потрошувачката на вода.
– Како позитивни придобивки од проектот тие ги наведуваат контролата на содржината на влага во почвата, заштитата од топлотен стрес, целосната контрола врз наводнувањето, поголемите приноси на културата, повисокиот квалитет, културата е оптимално обезбедена со вода во текот на целата вегетација, намалувањето на загадувањето од најголемиот дифузен загадувач на водите – земјоделското производство, поквалитетната храна, заштедата на вода, енергетската ефикасност од обновливи извори – дополнува Нечковски.https://www.fakulteti.mk/news/13082022/gazi-baba-vlozhuva-vo-inovativni-proekti-za-proizvodstvo-na-medovina-i-efikasno-iskoristuvanje-na-vodata-za-navodnuvanje
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close