fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Георгиевски: Инвестираме за подобри услови за земјоделците

Инвестициите во модерно, конкурентно и развојно земјоделство остануваат приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Инвестициите во модерно, конкурентно и развојно земјоделство остануваат приоритет на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Заврши реализацијата на втората фаза на Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар. Севкупната инвестиција е во вредност од над 24 милиони евра. За земјоделците од валандовско-гевгелискиот регион значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот.

Со изградбата на системот за наводнување се обезбедува навремено и квалитетно наводнување за вкупна површина од 2.150 хектари на територијата на Општина Валандово, а ги опфаќа населените места Удово, Јосифово, Калково и Пирава.

Ваквите инвестиции носат зголемена конкурентност на земјоделството, но и подобри услови за работа и живот на населението во целиот валандовски регион.

Оваа огромна инвестиција е вистински пример за одговорното работење на Владата предводена од СДСМ насочено кон обезбедување сигурна вода за наводнување на полињата, како и креирање на уште подобри услови за земјоделците.

Паралелно, се работи и на третата фаза од овој проект, Јужно-вардарска долина, и на Пепелиште и на Лисиче и на сите останати системи за наводнување.

Имајќи предвид дека без модерни системи за наводнување, нема напредок на агро-секторот, продолжуваме со изградба на нови системи за наводнување.

СДСМ продолжува да го трасира патот кон развиено земјоделство и подобрени услови за земјоделците.

Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close