вести

ИДЕЈА ЗА БИЗНИС: Засадете боровница

borovnica

Сезоната за берба на боровница започна, а цената во соседна Србија е 600 динари по килограм.

Ако немате идеја за бизнис, ова можеби е шанса за вас

Љубиша Миљановиќ од селото Ступчевиќ веќе деценија се занимава со одгледување на боровница.

Тој има на 3.5 хектари боровница и ова е прв поголем комерцијален насад во Србија.

„На почеток имавме мала површина, но потоа зголемувавме и дојдовме до 3.5 хектари. Експериментално засадивме пет сорти за да видиме како успеваат, но потоа видовме дека најдобра е сортата џук“ – вели тој.

Лани набрал 40 тони боровница, и е задоволен од пласманот.

Поради Шпанија која има големи количини во ладилниците, оваа година цената е пониска од претходните години.

 


 

фактор.мк

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close