fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Георгиевски-Поддршката за пчеларите ќе се зголеми, но и контролата за избегнување на манипулации

Денови на македонското пчеларство во Битола

Одгледувачи на пчелни семејства и производители на мед и производи од мед од битолско, прилепско, гостиварско и други македонски региони, денеска и викендов учествуваат на традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“.

Според Гоце Георгиевски, раководител на сектор за рурален развој во Министерствотото за земјоделство, шумарство и водостопанство, поддршката за пчеларите ќе се зголеми, но и контролата за избегнување на манипулации во оваа сфера,

-Пчеларството е специфичен тип на производство и е зависно од климатските услови. Климатските промени се глобален проблем за кој се потребни глобални решенија. Зелената агенда за западниот Балкан е инструмент кој ЕУ го овозможи за земјите од регионот и ние преку тој инструмент спроведуваме активности што ќе значат ублажување на ефектите од глобалното влијание. Редовно исплаќаме субвенции на околу 6.000 пчелари, регистрирани корисници на финансиската поддршка, а овој месец пчеларите средствата ги добија во целост. Новитет е што поддршката ќе се зголеми, но и контролата за да се избегнат било какви манипулации во оваа сфера, изјави Георгиевски на првиот ден од манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“ во Битола.

Организатор и домаќин на 25. по ред „Денови на македонското пчеларство“ во Битола е пчеларското здружение „Нектар“.

-Манифестацијата успеа да го промовира пчеларството пред младите генерации, но и да ја зголеми културата за користење на мед во исхраната. За жал последниве години заради климатските промени, производството или приносите на мед е намалено, но ние упорно пчелите ги одржуваме во живот. Верувам дека во иднина поддршката на пчеларството ќе се зголеми како од националната власт така и од локалната самоуправа, истакна Менде Трајковски, претседател на пчеларското здружение „Нектар“.

Одгледувачите на пчелни семејства и производители на мед и производи од мед очекуваат инспекциските да ја зголемат својата теренска активност за отстранување на неквалитетен мед од македонскиот пазар, беше нагласено на првиот ден од „Денови на македонското пчеларство“ во Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close