fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Германија го прекинува приливот на работна сила од Балканот

Поради растечкиот број на невработени во коронавирус кризата, владејачката ЦДУ/ЦСУ планира да ја намали понатамошната миграција на работна сила.

Намалувањето ќе биде извршено на основа на одлуката од 2016 година за олеснување за граѓаните од Западне Балкан.

Работните групи од владејачката фракција се согласиле олеснувањата, кои истекуваат кон крајот на годината, да ги продолжат за две години, но се согласиле и во врска со намалувањето на можноста неквалификуваната работна сила да може да ги користи истите, пишува „Велт ам Цонтаг“.

Правилото за работниците од Западен Балкан е воведено пред пет години откако властите од земјите на Западен Балкан се сместиле меѓу безбедните земји на потекло со цел намалување на масовната миграција преку системот за азил.

извор:Макфакс

Слични написи

Back to top button
Close