fbpx
Вести

Германија размислува за забрана на увозот на пченица од САД поради ГМО

Германското министерство за храна и земјоделство размислува да воведе забрана за увозот на пченица од САД затоа што таму беше откриено генетски модифицирано жито, пренесе ДПА.

germanija razmisluva za zabrana na uvozot na pchenica od sad poradi gmo

 

Во јули САД ја информираа Европската комисија (ЕK) дека на неселска стопанска површина во државата Вашингтон се откриени 22 генетски модифицирани сорти пченица.

Пченичните сорти се отпорни на хербициди создадени врз основа на глифоза, како „рандап“, кој е во сопственост на „Монсанто“ – еден од најголемите производители на семе и хербициди.

Во интервју за германскиот неделник „Шпигел“ портпаролот на министерството истакнува дека ЕK побарала од американските власти да ги испратат резултатите од тестовите на генетските варијации откриени во пченицата.

Според податоците на министерството за храна и земјоделство на Германија, увозот на американска пченица во Германија силно се намалува во последните години. Во 2013 година Германија увезе околу 26.200 тони, а во 2015 година увозот се намалил на 514 тони.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close