fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Проверете колку ќе плаќате за струја со блок тарифи – достапен е калкулатор за споредба на сметките

Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува каква е разликата

Од вчера  на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ( www.erc.org.mk ) е достапен калкутарор со кој секој граѓанин ќе може да направи споредба за сметките за струја меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа, односно за скапа струја. Калкулаторот е достапен на следниов ЛИНК.

„Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува каква е разликата“, рече на прес конференција претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, кој заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ го презентирае калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close