fbpx
Вести

Германскиот гигант „ги напаѓа“ САД

haribo

Германскиот кондиторски гигант „Haribo“ планира до 2020 година да ја отвори првата фабрика во САД, во американската сојузна држава Висконсин, соопшти оваа компанија.

„Планираме изградба на една од најголемите фабрики во кондиторската индустрија“, се наведува во соопштението на финансискиот директор на „Haribo America“, Веса Себера, а пренесува агенцијата Франс прес.

Раководството на компанијата во Германија даде „зелено светло“ за купување на локација во југоисточниот дел на Висконсин, каде ќе биде сместена новата фабрика.

„Haribo“ гради 242 милиони долари вредна фабрика со 400 добро платени работни места. Тоа е одлично“, напиша на Твитер гувернерот на Висконсин, Скот Вокер.

Американската филијала на „Haribo“, присутна во САД од 1982 година, во моментот работи од седиштето во Розмонт (Илиноис).

Основан во 1920 година во Бон, западна Германија, „Haribo“ денес вработува околу 7.000 лица ширум светот и произвeduva 100 милиони гумени мечиња дневно.


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close