Гермијан е пример за модерно европско село, со уредувањето на коритото жителите ги заштитивме од поројни дождови, вели министерот Милевски
Со ова го заокружуваме проектот Порој во селото Гермијан, со што ги обезбедуваме мештаните да не дојде до поплави за време на поројни дождови како што беше пред пет - десет години, вели градоначалникот Кузманоски
Завршени се градежните активности за уредување на коритото за заштита од поројните дождови во населеното место Гермијан со должина од 340 метри, така што жителите можат да бидат спокојни и да ги вршат своите активности навремено во текот на целата година, потенцираше министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
– Конкретно во Гермијан завршена е заштитното корито коешто ќе го штити селото од поројните дождови кои нанесувале во минатото голема штета по имотот на овие жители. Инвестицијата е во износ од 148.883 евра во кои Министерството за локална самоуправа учествува со 15 проценти поточно 22.224 евра, и со истата се решава проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште како и станбените и фармерските објекти во овој дел од регионот кои често се случуваа во изминатите години како последица на поројните дождови и слабиот систем за заштита од поплави. Овој проект е уште еден доказ дека прекуграничната соработка одлично се интензивира помеѓу нашите две држави и практично и општините, цивилниот сектор и другите институции спремни се да влезат и во третата фаза, и во ИПА III која што ќе се имплементира за периодот 2021-2027 година за којашто се предвидени неформално околу 40 милиони евра, изјави Милевски.
Тој рече дека останува уште канализационата мрежа да се регулира, со што Гермијан ќе стане модерно европско село каде што жителите ќе живеат по сите европски стандарди и вака треба да се однесува секој градоначалник за секое рурално место, да сите граѓани во државата имаат еднакви услови за живот.
Уредувањето на коритото се реализира во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програмата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC помеѓу Северна Македонија – Грција 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа.
– Преку проектот се направени за коритото некаде околу километар и пол последната фаза од околу триста и педесет метри беше завршена со средства од прекуграничниот проект што го имаше Пелагонискиот плански регион. Со ова го заокружуваме проектот Порој во селото Гермијан, со што ги обезбедуваме мештаните да не дојде до поплави за време на поројни дождови како што беше пред пет – десет години. Инаку во ова населено место во последните три години се инвестирани некаде преку милион евра средства од македонската влада од Јавното претпријатие за државни патишта, од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален рамномерен развој, и се надеваме дека во наредните години ќе продолжиме со инвестиции не само во ова село туку и во останатите села во Општина Новаци, вели градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.
– Покрај оваа активност во рамките на овој проект, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион реализира уште безброј други активности за подигнување на свеста на населението со овие природни непогоди, покрај тоа направивме и заеднички прекугранични вежби со партнерите од Грција, а исто така во завршна фаза е и набавката на јавното, цистерна за Јавното комунално претпријатие на Водовод кое што ќе користи за пиење на пивка вода во подрачјата кои што се погодени од природни непогоди, додаде Гого Видимче, директор на Пелагониски плански регион.