fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Иљо Црнгаров од Куклиш-Овчкото млеко мора да биде 1 евро за литар за да опстоиме

Ако државата не застане на страната на сточарите ќе ни пропаднат фармите.

Иљо Црнгаров од село Куклиш, струмичко има 50 години и е еден од поголемите сточари во регионот. Во неговата фарма има 250 овци и плус јагниња. Фармата е пример како треба да се среди и чува едно одгледувалиште на стока. Па Иљо вели дека заедно со неговата сопруга и двајца ангажирани рабоници постојано се со стоката.  Но, она што го тишти овој сточар е ниската откупна цена на млекото. Вели дека 50 денари з алитар сурово овчко млеко е понижувачка цена со оглед на високите трошоци за одгледување на фармата. Смета дека литар сурово овчко млеко не треба да биде под 60 денари, односно помалку од 1 евро. За споредба напоменува дека во Грција таа цена се движи 1, 75 евра, а во Србија 1,65 евра за литар. Ова значи дека македонските сточари се во најлоша ситуација.

-Во 2015 годин апочнав со одгледување на 70 јагниња и сега мојата фарма има 250 овци и плус подмладок. Имама овци од сортата Асаф, високомлечни, но за жал цената на суровото млеко е многу ниска. Ем го нема, ем млакрниците не ни го плаќаат, толку колку што не чини. Затоа апелирам до Влдата и МЗШВ итно да реагира и да не заштити нас сточарите пред  млекарниците. Откупната цена е понижувачка и треба да биде најмалку 1 евро за литар. Во спротивно сточарите ќе бидеме доуништени, вели Иљо за Зелена берза.

Голем е трошокот на сточарите з аодржување на фармите особено кога немаат своја земја, па ја изнајмуваат по заем, додава Иљо кој е сопственик на фармата ТИРА.

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close