fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВкусот на традицијатаИнтервјуаМакедонијаРурален туризамТоп вести

Голема измама – „Путурус Промет“ ни ја откупи пченицата и не ни плати, газдите избегаа, тврди Тони Настевски

Газдите на „Путурус Промет“ нигде ги нема, велат земјоделци за „Зелена берза“

На голема мака се земјоделци од Пелагонскиот регион кои годинава ја предале пченицата кај откупувачот „Путурус Промет“ ДООЕЛ Долно Оризари – Битола. а не зеле пари. Станува збор за неисплатени стотици илјади евра кај над 150 до 200 земјоделци.

Нашиот земјоделец Тони Настевски(51)  од село Трап, Општина Могила за „Зелена берза“ раскажува дека пченицата што ја предал кај „Путурус Промет“ останала неплатена. Газдите, синот и таткото избегале и не му ја платиле, и не само него туку уште на стотина други земјоделци кои останале без пари.

Тони ова лето откако не ги зел парите од жетвата ја пријавил фирмата во полиција. Според неговите пресметки фирмата му должи над 5 илјади евра. Кога отишол да пријави во Битолската полиција пред него веќе шеесеттина земјоделци поднеле кривични пријави за „измама“ за фирмата „Путурус Промет“.

„Поднесов кривична пријава за „измама“ по член 247, став 1 од КЗ, против фирмата „Путурус Промет“ и сопствениците Димитар и Пецо Нечовски. Јас како производител на пченица, регистиран како индивидуален земјоделец земам субвенции од државата. Досега имам предадено 22 тони и 400 килограми пченица од оваа година по цена од 10 денари за кг.  Лани предадов 23 тони и 900 килограми по цена од 10,5 денари од која ми исплати 222 илјади денари. Фирмата ми остана должна уште 89 илјади денари за лани. За годинава и лани оштетен сум за сума од 310 илјади денари или околу 5 илјади евра“. вели Настевски за „Зелена берза“ и во прилог ни ги доставува кантарните белешки.

Настевски вели дека во изминатиот период постојани им звонел на телефон и ги барал газдите на „Путурус Промет“ но тие не се јавувале, па разбрал дека биле заминати за странство.

Со оглед на тоа што и други земјоделци останале со неисплатена жетва вели дека најверојатно избегале со парите.

Нашиот земјоделец Тони Настевски(51)  од село Трап, Општина Могила

 

Сега голем проблем за нашиот земјоделец Тони покрај несплатената пченица е дали во овој случај ќе може да земе пари од 3 денари по килограм дополнителна мерка на МЗШВ, бидејќи како доказ за предадената жетва ги има само кантарните белешки.

МЗШВ ќе треба дополнително да се изјасни за случајот.

„Зелена берза“ се обрати до СВР Битола и чека одговор до каде е постапката по поднесените кривични пријави од земјоделците.

 

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close