fbpx
Вкусот на традицијатаЕкологијаРурален туризам

Министер за земјоделство ги повикува сонародниците да покажат „гастрономски патриотизам“

Францускиот министер за земјоделие, Жулиан Денорманди, ги повикува потрошувачите да купуваат свежи и локални производи.

Францускиот министер за земјоделие, Жулиан Денорманди, ги повикува потрошувачите да купуваат свежи и локални производи и да покажат „гастрономски патриотизам“, јави дописникот на МИА.

Два дена пред Бадник, министерот за земјоделство, Жулиен Денорманди, утринава испрати апел за „гастрономски патриотизам“. Гостувајќи во емисија на радиото  Франс Интер министерот го повтори повикот до Французите да јадат локални и свежи производи со што ќе го поддржат француското земјоделство.

-Тоа сигурно не е доволно, призна тој, пред да повтори неколку пати дека апелира за  ваков „потрошувачки гастрономски патриотизам“.

Со затворањето на рестораните поврзани со кризата со Ковид-19, многу земјоделски сектори страдаат.

-Ние се обидуваме да ја донесеме вистинската помош на вистинските места. Помош во милијарда евра за француското земјоделство, рече тој. „За винскиот сектор, на пример, тоа е повеќе од 250 милиони евра“, додаде тој.

Секторот за паштети од гоени гуски и патки, што веќе е во криза, се наоѓа под двојно влијание на птичјиот грип. Според министерот, девет фарми се погодени од птичјиот грип.

-Птичјиот грип не се пренесува на луѓето, не постои ризик од консумирање јајца, месо од патка или  пилешко, нагласи министерот за земјоделство

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close