fbpx
ВестиРурален туризамТоп вести

Традиционални  Василичарски огнови низ општина Новаци

Православните христијани денеска ја слават Василица .Народот ја слави како Стара Нова  година во чест на светецот Василиј  но и како обрежување на Исус Хистос. Во секое маало граѓаните  со големи огнови  кои се симбол на божествената светлина  ги прогонуваат лошите  сили и ја испраќаат старата година .

Бројни маала низ општина Новаци  синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови околу кои во весело расположение , со греана ракија , вино и скара се прослваи Стара Нова година и Василица.

Градоначалникот Љубе Кузманоски  ја прослави Василица  со своите сограѓани . Ги посети големите  маалски василичарски огнови  од каде испрати порака  да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат  на идните поколенија.

 

“Овие празници како дел од нашата традиција  ни даваат можност  да се собериме сите заедно на едно место , на едно огниште кое симболизира заедништво , единство и сите заедно да ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност  си и белег на нашето постоење.Ова зедништво  ги зајакнува меѓусебните  врски во нашата локална заедница. Дружењето со соседите  , пријателите  , блискоста меѓу младите  дава посебно чувство на среќа , задоволство и исполнетост .Да си подаваме рака , да се помируваме , да бидеме единствени и сплотени не само на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие.

На сите граѓани на општина Новаци  и на сите православни верници им ја честитам Стара Нова година и Василица со желби за здравје , среќа и бериќет ”– истакна градоначалникот Кузманоски.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close