Здружение на одгледувачите на свињи ,, Гицко“ го поздрави сетот мерки со кој превентивно ќе се штити земјава од ширење на болеста африканска свинска чума, болест која не е опасна за човекот но за која болест нема вакцина или лек и која онаму каде ќе се појави во радиус од 3 километри значи нештетно убивање на се што е жива сиња. Како поддршка на целокупната акција здружението денеска на ловната федерација и подари 70 фрижидери за длабоко замрзнување од 500 литри за да се распределат по сите ловни друштва за складирање на месото од отстреланите диви свињи. Слична ваква поддршка најавија и за армијата кој е клучната алка во спроведувањето на акцијата откако владата вчера одлучи токму војската да почне веднаш со отстрел на диви свињи во сите ловишта каде нема концесионер а на ловиштата со концесионери им даде рок од десет дена доколку не исполнат квота од застрелани 50% од предвидениот лов да може и таму да се вклучи војската.
-Владините мерки позитивно ги оценивме. Тие треба да бидат брзи и енергични бидејќи немам време за чекање, болеста ни е дојдена на 20 тина километри до границата. Мерките очекуваме итно да бидат спроведени и само се чека на владина уредба во која треба да бидат строго уредени правилата кои категории во кои кланици може да се носат и по која цена ќе може да ги продаваат свињите сите оние фармери кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки. Но да укажеме до сточарите дека доколку сакаат да продолжат да ги одгледуваат свињите на своите фарми инвестицијата во биосигурносните мерки не е голема и можат тоа да го направат. Треба фармата да е оградена да нема пристап од животни и луѓе, да се врши дезинфекција при влез и излез, строго да се знае само кој смее да влезе на фарма, да има чиста заштитна облека и да се стават мрежи на прозорците за да не може инсекти и птици да влегуваат во фармата, вели Ефтим Шаклев претседателот на здружението на одгледувачи на свињи -Гицко.
Одгледувачите на свињи се зачудени од реакцијата на Анима Мунди и прашуваат дали тие се грижат за 8000 диви свињи кои треба да бидат отстрелани или ако влезе болеста се грижат за 300 илјади свињи кои ќе ги изгубиме и повторно и тогаш ќе мора да ги отсреламе дивите свињи кои во 95% од случаите се преносителите на болеста. Според нив најдобро за свињите во фармите се грижат одгледувачите кои и инвестирале во ова производство.
Инаку ваква мерка за масовен отстрел на дивите свињи со вклучување на војска и полиција се покажа како успешна за Хрватска која иако болеста ја има до границите успеа да си го заштити домашното производство на свинско месо. Во земјава производството на свинско е една од светлите точки во аграрот кое ги задоволува потребите за свежо месо и спречува увоз вреден 100 милион евра годишно и во кој сектор директно се вработени над 10 илјади луѓе.
З.Б.