fbpx
Вести

Глутници волци нападнале стадо крави и говеда во кочанското село Пресека

Глутници волци ги сардисаа селата во Осоговието. Мета на крволочните животни им биле над десетина крави и говеда. Давени и расфрлани тела на крави, била сликата која рано утринава ја виделе сточарите од кочанското село Пресека.

glutnici volci napadnale stado kravi i goveda vo kochanskoto selo preseka

 

Волци има многу, тврдат сточарите кои се принудени со голи раце и секири да си ги штитат стадата. За да се истребат крволочните животни, сточарите бараат помош од надлежните, потенцирајќи дека организираните хајки нема да им го решат проблемот.

Сточарите допрва ќе ги утврдуваат штетите. Ловџиите коментираат дека е невообичаено во овој период од годината волците да прават вакви штети, посебно да напаѓаат крупен добиток. Според нив, потребно е три до четири волка за да можат да совладат едно теле.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close