fbpx
ВестиТоп вести

Министерот Николовски се сретна со градоначалничката на Битола Наташа Петровска

 

За процесот на исплата на обештетувањата од градот на територијата на Општина Битола, доделените субвенции и поволностите кои што ги нуди Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беше разговарано на средбата во Битола, помеѓу градоначалничката Наташа Петровска, министерот Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски. Над 60-те рурални населени места во Општина Битола треба да ги искористат поволностите кои што им се нудат на земјоделците од страна на агенцијата и министерството, посочи градоначалничката Петровска.

„Во Општина Битола имавме невреме од град во летниот период, по што од страна на општината беше формирана комисија за проценка на штети. Комисијата си ја заврши работата, штетите беа проценети, извештајот на комисијата помина како одлука во Советот на Општина Битола и целокупнот извештај е доставен до владината комисија за проценка на штети. Разговаравме дека преостанува Владата да го разгледа овој извештај и навремено да им овозможи на земјоделците да ги примат средствата со кои што ќе биде завршено обештетувањето. Длабоко сум убедена дека во следниот период ќе ја имаме соработката со ова министерство како што ја имавме и во изминатиот период“, рече градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.

На средбата беше разговарано и за мерките за поддршка на општините за патишта и урбанистички планови, за развој на селата и за други мерки кои се поддржани преку различни програми, кои што ќе бидат предмет на натамошната соработка на Општина Битола и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Зелена берза

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close