fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Гоце Ружински-од хоби пчеларење до мал семеен бизнис

 Гоце е добитник на златен медал за квалитет на мед на меѓународната манифестација „Tetovo, Honey Award 2020“ во конкуренција на 370 мостри мед од 17 држави од три континенти.

Со посетата на обуките за пчеларство на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), Гоце Ружински од Берово своето хоби-рекреативното пчеларење го претвори во мал семеен бизнис.
Преку обуките моделирани според швајцарското искуство за пчеларство на одржлив начин ги увиде бенефитите од овој начин на пчеларење и веднаш ги прифати во своето работење. Неговите пчеларници се сместени на локација оддалечена речиси 20 км од најблиското населено место, каде што не поминуваат никакви моторни возила, а медот кој го добива е природен, планински и еколошки.
„Пчелата е еден од најважните инсекти во светот, и претставува многу важна алка во природниот екосистем. Опрашувањето на пчелите ја одржува генетската разновидност на цветните растенија, а исто така пчелите се најважниот опрашувач на земјоделските култури, со што и се зголемуваат нивните приноси. Го сакам пчеларството бидејќи дружењето со пчели ме релаксира од секојдневните обврски.“ – истакнува Гоце.
Гоце е добитник на златен медал за квалитет на мед на меѓународната манифестација „Tetovo, Honey Award 2020“ во конкуренција на 370 мостри мед од 17 држави од три континенти.https://medenistok.mk/proizvoditeli/goce-ruzinski
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close