Граѓаните годинава без поголема еуфорија за претстојните новогодишни празници
Покрај тоа што е беспарица, граѓаните се жалат дека дополнително отежнување да си набават се што им е потребно за празниците им преставува и предновогодишниот скок на цените.
За разлика од минатата година граѓаните многу помалку пазаруваат за претстојните празници, велат кризата која ја предизвика пандемијата си го прави своето па џебот е пократок, а покрај тоа што е беспарица, граѓаните се жалат дека дополнително отежнување да си набават се што им е потребно за празниците им преставува и предновогодишниот скок на цените.
-Некои цени ептен се покачени.
-Повеќе е овојшето скокнато, портокали, мандарини и слично.
-Па се е поскапено, сувомеснато, месо и зеленчукот е поскапен.
-Море како надуваа цените ама тоа е што да им правиме, ќе пазариме нешто да има на астал да се стави.
-Стандардно е, месото и пред нова година и по нова година исто е.
Моменталната ситуација со пандемијата им го убива и славеничкиот дух, па препознатливите славја и дружби ќе се остават за некои подобри времиња. Годинава единствената опција е да се одбележи во домашни услови.Веселбите и дружбите на полни трпези до раните утрински часови се синоним за новогодишната прослава помеѓу луѓето, но тие ќе бидат оставени за некои подбри времиња. Годинава славеничкиот дух изостанува, а празничните славја и собиранки ќе бидат заменети со поскромна трпеза и во друштвото од најтесниот круг на семејството, велат граѓаните за престојните празници.
-Нема штимунг, сам сум дома, фамилијата ми е во Германија, не дојдоа, па така ко за еден човек скромно.
-Не, не па не е тоа што беше веќе, по дома, така да нема потреба.
-Во кругот на семејството.
-Да ти кажам право само дома со децата сакам да си бидам.
-Не толку како ланската година, годинава малку поскромно, затоа што е беспарица, нема пари. Покрај стандардното празнично покачување на цените, потрошувачката кошница изминатава година е поскапена за 1000 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати. Поголемата потрошувачка најмногу се должи на поскапувањето на струјата, како и зголемените цени на прехранбените продукти каде е забележан раст за околу 500 денари месечно.