fbpx
ВестиЛов и риболов

Дозвола за лов во гевгелиско „Милисин” чини 50 евра

Почна издавањето сезонски потврди за ловење дивеч во отвореното ловиште „Милисин” во Гевгелија за 2016 година, информира подружницата на Шумското стопанство „Кожуф” од Гевгелија, која работи во рамките на Јавното претпријатие „Македонски шуми”.

dozvola za lov vo gevgelisko milisin chini 50 evra

 

Според информациите од гевгелиската подружница, сезонските потврди ќе се издаваат секој работен ден во просториите на подружницата по цена од 50 евра во денарска противвредност.

Шумските работници задолжени за одржување на ловиштето „Милисин” и за прехранување на дивечот во него, посочија дека според Законот за ловство забрането е ловење дивеч без дозвола и дека против секое лице кое ќе биде фатено да лови без дневна дозвола или сезонска потврда ќе се поднесува пријава за прекршок за кој што паричната глоба изнесува од 1.500 до 3.000 евра.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close