fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 5.8 милијарди денари

Од типот Прилеп се откупени околу 19,980 тони, а од типот Јака 234 тони тутун, а според учеството по класи околу 16.139 тони се откупени во I класа, што претставува околу 79,8% од вкупно откупената количина, а во II класа околу 3.981 тони што претставува околу 19,7% од вкупно откупената колчичина што укажува дека овогодишната реколта е со висок квалитет.

Откупот на тутун од реколта 2022 година започна на 15 ноември од страна на 10-те откупни претпријатија и со состојба од 26.12.2022 година откупени се вкупно околу 20.401 тони тутун, што претставува околу 90% од вкупно договорената количина тутун.

Од типот Прилеп се откупени околу 19,980 тони, а од типот Јака 234 тони тутун, а според учеството по класи околу 16.139 тони се откупени во I класа, што претставува околу 79,8% од вкупно откупената количина, а во II класа околу 3.981 тони што претставува околу 19,7% од вкупно откупената колчичина што укажува дека овогодишната реколта е со висок квалитет.

Вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 5.8 милијарди денари, а исплатено од страна на откупните претпријатија околу 5.5 милијарди денари односно околу 94%.

Договореното производство на тутун во 2022 година е зголемено за околу 8% во споредба со  реколта 2021 година, поради зголемување на површините за околу 11% во споредба со 2021 година. Исто така, за околу 6%, зголемен е и бројот на склучени договори во споредба со реколта 2021 година.

Во производната 2022 година тутунот е засаден на површина од 13.237 ха што претставува зголемување на површините за околу 1.453 ха во споредба со производната 2021 година.

За ова производство склучени се вкупно 29.429 договори што претставува зголемување на бројот на договори за околу 1.780 договори во споредба со производната 2021 година.

„Ќе потенцирам дека ако на годинешната просечна откупна цена од скоро 290 ден/кг., додадеме и 80 денари за субвенции, доаѓаме до рекордно висока цена од 370 денари по килограм. Имаме година на тутунопроизводство која е најдобра во историјата на нашата држава. Искрено се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во 2023“ потенцираше министерот Љупчо Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close