Ѓоко Палитов-Лозјата ни се исушија, а ВП „Тиквеш“ бара да плаќаме сметки
Како да плаќаме сметки за услуга што не сме ја добиле?
Тиквешките лозари добиваат сметки да платат за наводнување, а ни капка вода не стасува до нивните ниви, обвинува Ѓоко Палитов, лозар од Тиквешијата. ВП „Тиквеш“ започнало да им доставува фактури за наводнување од канал кој со години бил нефункционален, а лозарите не виделе ниту капка вода.
„Некни ни стигнуваат фактури од нотар, ако не платиме во рок од осум дена, одиме на извршител….Јас тоа не планирам да го плаќам, а имам моментално неколку лозја….Имаме решение и од правобранителот дека нема логика да плаќаме за никаква услуга. Прво, не постои каналот, второ, директорот или тој што обезбедил вода, треба да ме викне мене и да направиме договор..и врз основа на тој договор, тој мене да ме тужи и да ми бара пари. А вака, на никаква основа, тој ни пушта фактури. Ние не ги плаќаме фактурите и тој сега ќе не’ тера на извршител“ – ни рече Ѓоко Палитов, лозар од Кавадарци.