fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ѓорѓиевски: Трговците имаат огромни маржи, а производителите одвај преживуваат

Владата видела дека проблемот со високите цени е кај трговците, ограничувајќи ги маржите, но дека производителите повторно се маргинализирани.

Претседателот на Агрокомората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски кој е и сопственик на компанијата за пекарски производи и слатки „Специјал“, вели дека е добро што конечно Владата видела дека проблемот со високите цени е кај трговците, ограничувајќи ги маржите, но дека производителите повторно се маргинализирани.

– Да, маржите се ограничија, но за кого?  За трговците на големо и на мало. Повторно производителите се изоствени со мерки. Ограничувањето на маржата  до 5 проценти на продажната цена во трговијата на големо и до 10 проценти во трговијата на мало ја откри вистината колкави се маржите во трговијата. Големите трговски ланци имаат маржи од 20, 25, па и 30 проценти. Производителите пак, имаат маржа од одвај 2-3 проценти. Затоа, ако се погледаат финансиските извештаи на трговските синџири тие имаат огромен раст и приходи, а ние производителите одвај преживуваме – изјави за „Слободен печат“, Ѓорѓиевски.

Тој вели дека сепак се надева оти работите ќе се средат.Тој вели дека сепак се надева оти работите ќе се средат.

Владата вчера информираше дека се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со следните производи: леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица, овошје и зеленчук.

Оваа одлука ќе се применува од 1 март 2022 година до 31 мај 2022 година.https://www.slobodenpecat.mk/gjorgjievski-trgovcite-imaat-ogromni-marzhi-a-proizvoditelite-odvaj-prezhivuvaat/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close