fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Горивата поевтинуваат за половина денар

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на екстра лесното масло за домаќинства не се менува, одлучи денеска Регулаторната комсиија за енергетика. 

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на екстра лесното масло за домаќинства не се менува, одлучи денеска Регулаторната комсиија за енергетика.

Новата цена на моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 71 денар за литар, а 73,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека литар  дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62 денара. Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,195 денари  за килограм и ќе изнесува 36,681 денари.

Цената на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) не се менува, односно останува 62 денари за литар.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,54  проценти во однос на Одлуката на РКЕ од 9 август годинава.

Од РКЕ наведуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,104 проценти, дизелот за 1,735 проценти, екстра лесното масло за 1,873 проценти и кај мазутот намалувањето е за 1,975 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,086 проценти.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close