Агро бизнисВестиТоп вести

РАБОТЕЛЕ ЗА ПЛАТА ОД 2 ДЕНАРИ

Чевларска компанија од Штип толку плата им исплатила на работниците за септември

Чевларска фабрика од Штип за септември им исплатила на сите работници плата од 2 денари, две текстилни фабрики од Штип со околу 100 работници, место плата, на работнците им исплатуваат аванси, некогаш 2.000 денари, некогаш 5.000 денари… Така, во сред здравствена криза, овие работници се оставени без здравствено осигурување, алармира претседателката на здружението „Гласен текстилец“, Кристина Ампева.

Истовремено истакнува дека се повеќе работодавачи исплаќаат плати пониски од минималецот кој изнесува 14.500 денари и дека и укажува на проблемот дека тие како здружение не можат да воспостават соработка со Управата за јавни приходи, која според неа е клучната институција која треба да реагира во случаи кога не е исплатена ниту минималната загарантирана плата.https://faktor.mk/rabotele-za-palata-od-2-denari-chevlarska-kompanija-od-shtip-tolku-plata-im-isplatila-na-rabotnicite-za-spetemvri

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close