Вести
Градинарите задоволни од понудените откупни цени
4 до 24 денари за куртовската капија, во зависност од класата, 9 до 36 денари за краставичките, 19 до 21 за фефероните и 5 денари за цвеклото, се цените што ги предлагаат преработувачите во пресрет на новата откупна сезона.
Во Македонија се засадени околу 3.000 хектари куртовска капија со принос од 20 тони по хектар, што е многу мал принос. На отворено се произведуваат од 40 до 50 тони просечно, а во оранжериско производство максимум 200 тони или од 120 до 130 тони на хектар.
Земјоделците ќе ги прифатат предложените цени, зашто одговараат на нивните барања.
Има простор производителите да се усовршуваат за да го зголемат производството и бенефитот да биде поголем.