Градоначалниците од Тиквешијата бараат „Повардарие“ да ги исплати парите за откупеното грозје и сигурен откуп

(Oвој напис е објавен на: June 6, 2018)

И покрај стравувањата од променливите временски услови, прогнозите на земјоделските стручњаци покажуваат дека годинава за лозарите ќе биде родна. Оптимисти се и првите луѓе на општините кои важат за најлозарски во земјава. По средбата која ја имаа со министерот за земјоделество, Љупчо Николовски во Кавадарци изјавија дека освен тоа што годинава родот бил богат, со најави за поголема побарувачка,се работело и на утврдување на откупната цена на грозјето.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека на средбата разговарале за гаранциите при откуп на горзјето:

„Сугерираме во новиот Закон за вино бидат вметнати два типа на гаранции, со цел откупувачите, кои и да се, им гарантираат на лозарите сигурна наплата на откупеното грозје“.

Градоначалникот на Неготино, Тони Делков информира дека станало збор и за состојбата со вино во винарските визби:

„Има доста грозје годинава  и квалитетно е,побарувања очекуваме доста. Средбите  со лозарите и винарите продолжуваат“.

Утврдување на производната цена на грозјето а со тоа и откупната, побарал градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев.


 

канал77