вестиТоп вести

Илиевски ги посети на откупните пунктови за тутун во општина Могила

Раководителот на Подрачната единица на  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Методија Илиевски, денеска  повторно беше на терен помеѓу производителите на тутун на откупните пунктови во Општина Могила.

„Тутунот како важна култура во земјоделството како и неговото производство во пелагонискиот регион претставува значајна гранка. Производството на тутун години наназад континуирано се произвдедува што асоцира на добра земјоделска практика и стабилно производство. 90% од производството на тутун е наменето за извоз на странските пазари и приливот на финансии е доста добар за самите производители поради што беше и причина повторно да се појавиме на откупните пунктови“,  изјави Илиевски.

Илиевски ги посети сите  откупни пунктови во село Добрушево, информираат од ПЕ на Министесртвото за земјоделство.

Р.З.Б.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close