Граѓаните можат да здивнат-пари од банки и од штедилници ќе можат да се подигнат со пасош или потврда од МВР
По неколкунеделните нервози, надминат е проблемот со подигнување на пари од банките и штедилниците без важечка лична карта.
По неколкунеделните нервози надминат е проблемот со подигнување на пари од банките и штедилниците без важечка лична карта. „Согласно Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како документ за идентификација на банкарските клиенти, покрај личната карта може да биде земена предвид и патната исправа. Оттука, граѓаните коишто имаат важечки пасош, а немаат важечка лична карта, услугите и производите од банките и штедилниците може да ги користат со приложување важечката патна исправа“, велат од Македонската банкарска асоцијација (МБА).
Изминатиов период, над 40 илјади граѓани се соочија со проблеми во секојдневниот живот, поради немање важечка лична карта. Иако имаат поднесено барање за нови документи, МВР не е во можност да издава нови лични карти, се додека не се одблокираат законските измени коишто чекаат да бидат изгласани во парламентот. Во меѓувреме, МВР започна да издава потврди за да го олесни секојдневното функционирање на граѓаните, но ваквите пусулчиња не беа прифатени од страна на банките и штедилниците.
Во случаите кога граѓанинот нема ниту валиден пасош или патна исправа со важност продолжена до 31.12.2021 година, ниту валидна лична карта, својот идентитет ќе може да го докаже со потврдата издадена од Министерството за внатрешни работи дека е поднесено барање за издавање на нова лична карта. Ваквите потврди се издаваат при аплицирање (фотографирање) за нова лична карта.https://www.dw.com/mk/