fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Граматковски-Хидросистемот „Стрежево“ успешно ја заврши сезоната за наводнување

Во 2020 година, рекордно се евидентирани и наводнувани повеќе од 5.500 хектари земјоделски површини. Ја зголемивме ефикасноста во санирањето на лоцираните дефекти на деталната цевководна мрежа. Загубите на вода беа сведени на минимум, а штедењето на водата беше максимално, изјави Граматковски.

Претпријатието во извонредно сложени услови, оваа година максимално одговорно управуваше со хидротехничките објекти и успеавме да обезбедиме оптимални услуги на корисниците на вода за наводнување на земјоделските површини, потврдо за „Зелена берза“, директорот на ЈП „Стрежево“- Битола, Менде Граматковски.

Оваа сезона за наводнување се искористени 27,3 милиони метри кубни вода, а сезоната траеше две седмици подолго од минатата 2019 година, (поради сушниот период во месец септември и почетокот на октомври), кога според Граматковски за истата намена се потрошени 32,3 милиони метри кубни вода.

Регистрирани се над 7.700 корисници, а притоа, во 2020 година, рекордно се евидентирани и наводнувани повеќе од 5.500 хектари земјоделски површини.

-Согласно се’ погоре наведено, годинава можеме да ја окарактеризираме како најуспешна за претпријатието во овој исклучително значаен сегмент. Пред сезоната за наводнување вложивме нова и современа хидромеханичка опрема и воспоставивме одржлив и ефикасен систем каде лоцирањето и навременото санирање на дефектите беше врвен приоритет. Во 2020 година имавме помалку дефекти на главните цевководи или во споредба со претходната 2019 година бележиме процентуално намалување за 280 проценти. Како показател за значењето на санацијата на дефектите на главните цевководи само ќе напоменам дека со санирање на еден главен цевковод се ставаат во функција 30 делнични цевководи. Ја зголемивме ефикасноста во санирањето на лоцираните дефекти на деталната цевководна мрежа. Загубите на вода беа сведени на минимум, а штедењето на водата беше максимално, изјави Граматковски.

ЈП „Стрежево“ – Битола ја подобри состојбата со одржување на инфраструктурата и објектите во рамки на хидросистемот, ја унапреди ефикасноста и одржливоста на постојниот модел на управување, а главниот акцент беше насочен кон подигнување на степенот на задоволување на потребите на водокорисниците, како приоритетен и неминовен процес во реализацијата на еден од клучните фактори во подобрување на севкупното земјоделско производство.

-Со задоволство можеме да резимираме дека тековната сезона храбро се соочивме со сите водостопански предизвици, а пред се, ги презедовме сите потребни мерки и активности од перспектива на користењето на водните ресурси, кои се однесуваат на стопанисување, користење и одржување на хидросистемот. Придонесовме за квалитетно и квантитетно земјоделско производство, истакна Граматковски за „Зелена берза“.

А.Б

Слични написи

Back to top button
Close